Пожарот што избувна на Пељешац и Корчула уништи големи површини на островот, а и познатиот пејач Дино Мерлин ги почувствува последиците.
Во огнената стихија која е нашироко распространета низ Пељешац и Корчула се оштетени голем број лозја, борови шуми, а настрадаа и домашни животни. Меѓу останатите куќи на Пељешац.
Пожарот ја уништи и вилата на познатиот пејач Дино Мерлин.
„Моето срце е скршено, тој камен, тие борови дрвја, тоа место… Се чувствувам тажно, но морам да продолжам понатаму и да бидам она што сум“, рече познатиот босански пејач.
По уште една неспиена ноќ, пожарникарите продолжуваат и понатаму да ги гаснат опожараните области.