Северина ужива со синот и дечкото на Јарданот, а Кеба чека внуци

Додека таа жешките летни денови ги поминува на хрватскиот брег, таткото на нејзиниот дечко Игор, фолк пејачот Кеба, на новинарите се довери дека се радува на внуци.


Додека хрватската пејачка Северина и нејзиниот дечко Игор Којиќ уживаат на Јадранот, а пејачката среќните моменти ги споделува со обожавателите на социјалните мрежи, медиумите се насочуваат во белградскиот дом на Драган Којиќ Кеба, во кој своевремено ја вгости новата љубов на својот син.

Тој и неговата сопруга Оља се надеваат дека наскоро ќе слушнат чекори на детски нозе. И двајцата со нетрпение чекаат нивниот син да ги изненади со убави вести.

Malo mi za sricu triba

A photo posted by Severina Vučković (@severina) on

- Реклама -