Македонската дива ја откри тајната: „Во 48-та година доживувам нова младост“

Нашата популарна пејачка Калиопи, пред светот стана позната со настапот на Евровизија во 2013 година.

Денес, 48-годишната поп дива свои фан клубови има и во Бразил, Русија, Англија…

„Посакај“ (Poželi) е името на новиот сингл на познатата македонска пејачка Калиопи, со која го најавува својот нов албум. Песната, која набрзо по издавањето тргна во освојување на врвовите на топ листите, е направена во соработка со нејзиниот поранешен сопруг, Ромео Грил.

Темпераментната пејачка кога за прв пат ја слушна песната, еуфорично посака повторно да го запроси поранешниот сопруг.

Најголем критичар на соработката на мама и тато е синот Пако, кој и самиот е голем обожавател на музиката. Калиопи стана светски позната по нејзиниот настап на Евровизија во 2012 година, а благодарение на тој натпревар, денес има фан клубови од целиот свет.

„Постојат во Бразил, Уругвај, Парагвај, Ирска, Франција, Англија, Украина, Белорусија, навистина сум горда на сите нив. Кога ќе погледнете на YouTube, можете да најдете cover-верзија на моите песни од Кинез кој пее на македонски, девојка која пее од Парагвај и сите пејат фантастично“, вели Калиопи.

Screenshot_8

Тајната на младоликоста

Таа признава дека и се оствариле соновите за музичката кариера која ги сонувала како немирна девојка. Затоа што сакала да биде во центарот на вниманието дури и бегала од градинка во градската кафеана. Денес во 48-та година вели дека доживува нова младост, а тајната на нејзината младоликост е заљубеноста во животот додека за романтична заљубеност вели дека нема време.
„Тешко на оној кој ќе направи такво обид со мене, жал ми е, не е тоа лесна работа, не е лесно да се освои и да се издржи она што јас живеам и што сум“, вели пејачката.

Летото ќе го потроши работејќи на новиот албум, чие претставување пред публиката ќе имаме можност да го слушнеме оваа зима.

До тогаш во нејзината музика уживајте со новиот спот.

- Реклама -