Пријатели и колеги соработуваат на новиот албум на српската поп пејачка.
Поп пејачката Јелена Томашевиќ конечно на публиката го претстави својот нов албум, кој е насловен „Ime moje” по истоимената песна со која пред помалку од еден месец ги израдува своите обожаватели, и за која направи спот во кој се појавува актерката Нина Јанковиќ.
– Пресреќна сум околу новиот албум и се надевам дека публиката ќе ужива во песните- рече Јелена за српските медиуми.
На нејзиниот албум како автори на песните се јавуваат и нејзината кума Мари Мари, но и колегата, црногорскиот поп пејач Сергеј Четковиќ.