Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ својот 42-ри роденден го прослави тивко во кругот на најблиските членови на семејството, бидејќи неодамна почина мајка на нејзиниот зет Предраг Оцокољиќ.
Но, нејзините фанови се секогаш тука за да ја расвеселат, па така дошле пред нејзината куќа, рашириле знаме и донеле неколку букети цвеќе.
– Цеца има армија на обожаватели и се покрај неа и во добро и во зло. Нејзиниот роденден не го заборавија и секогаш ја изненадуваат. Повеќе од 30 најпосветени фанови застанаа пред нејзината куќа и заедно ги пееја нејзините песни. Раширија знаме ширкоко 11 метри на кое пишува: „Моето срце чука во ритамот на твојата музика! Среќен роденден!“.
Таа ги бакна и ги прими нивните подароци- вели извор за „Alo“.
– Таа секогаш има трпение со својата публика, и кога и да ги сретне, зборува со нив, се слика, ги прегрнува и бакнува. Таква жена заслужува такво внимание и љубов и засекогаш ќе бидеме покрај неа“- вели еден од нејзините обожаватели.