„Слатка си како чоколадо. Знам дека него најмногу го сакаш, но заслужуваш многу повеќе“, напишал нејзиниот обожавател.
Милица Павловиќ (23) добива разни подароци од нејзините додворувачи, но последниот особено ја воодушевил.
Како што дознаваат српските медиуми, пејачката на домашната адреса ѝ пристигнала кутија со 20 килограми чоколадо!
– Милица е воодушевена, но и понатаму не знае кој го испратил пакетот, бидејќи се потпишал само како обожавател, вели добра пријателка на пејачката.
Исто така, и Милица се огласи по повод ова изненадување.
– Навистина се изненадив кога ја видот огромната кутија. Признавам дека е невообичаено изненадување. Момчето не остави телефонски број, но ова е прилика јавно да му се заблагодарам и да го поканам на својот настап за да се запознаеме. Верувам дека толку креативен човек ќе се најде покрај мене еден ден, вели секси Милица за српските медиуми.