Втора полуфинална ноќ на Евровизија: Кнез ја однесе Црна Гора во финале

Минатата ноќ во Виена се одржа втората полуфинална вечер за Песна на Евровизија, и беа одбрани уште десет финалисти.

Финалето е закажано за во сабота.

Кнез ја воодушеви Виена. Тој настапи со песната „Adio“, кој ја работеше Жељко Јоксимовиќ, и ја однесе Црна Гора до самото финале.

24578-_AP50263_5e4f_500x500

Ненад Кнежевиќ Кнез, облечен во елегантно црно одело, пееше на мајчин јазик, за разлика од останатите натпреварувачи. Нежните звуци ја воодушевија евровизиската публика, која особено е наклонета на Јоксимовиќ, чие влијание силно се чувствува во песната.

Црногорскиот претставник доби овации по изведбата на песната.

Ова се десетте финалисти кои се најдоа на листата за учество во финалето на Евровизија:

1. Литванија

2. Полска

3. Словенија

4. Шведска

5. Норвешка

6. Црна Гора

7. Кипар

8. Азербејџан

9. Летонија

10. Израел

- Реклама -