Иако неодамна доживеа несреќа во која ги скрши и двете раце, познатата пејaчка одлично заздраве. Брена денес на сето тоа гледа со насмевка.
Нејзина најголема поддршка е сопругот Бобо Живановиќ, поранешен тенисер кој го следи имиџ на голем заводник.
„ Оние кои не го пробале изгубиле многу, а оние кои биле со него, добиле многу. Верував дека и после сите оние со кои што бил, сигурно останало нешто и за мене. Кога се запознавме, сите ми говореа дека е заводник и дека бил со многу жени, но мене тоа ми беше предизвик. Сметам дека жената треба да биде со маж кој имал и сакал голем број жени. Знаев дека Бобо може многу да ме научи, со оглед на тоа што јас немав време за многу мажи во животот“, открива Брена.
Нивната љубов и денес трае, а тие имаат еден од најстабилните бракови меѓу паровите во естрадата.
„Бобо е во бракот голем дипломат и многу е нежен, а јас сум многу тврдоглава“, вели Брена која ужива во убави нешта.
„Сакам да гледам се што е убаво, така што гледам мажи, но и жени. Перцепцијата на Бобо и мојата по тоа прашање е многу голема“, вели регионалната дива за Ало.рс, и признава дека од самиот почеток знаела дека нејзиниот сопруг е оној вистинскиот.
„ Прв пат кога се допревме бевме како електричен удар, како да ме погоди гром. Потоа го совладав тоа струјно коло кое и сега дава 220 волти и се надевам дека така ќе биде вечно“, вели таа.
Пејачката и поранешниот тенисер се во брак веќе 24 години, со кого што имаат двајца синови.