Врската на хрватската ѕвезда и поранешниот голман очигледно е посериозна отколку што можеше некој да претпостави.
Пејачката Северина Вучковиќ (43) можеби на крај сепак ќе стане српска снаа. Веќе добро е познато дека е во врска со 15 години помладиот Игор Којиќ (28) и дека оваа љубов ја одобрил и неговиот татко Драган Којиќ Кеба. А колку Северина има сериозни намери со Игор, открива и фактот што својот син Александар го запознала со новиот избраник, пишуваат српските медиуми.
– На сите им беше јасно уште на почетокот дека Северина е навистина многу заљубена во Игор, тоа и јавно го призна. Тој е многу посебен во нејзиниот живот, а дојде ред еден посебен дечко да запознае со друг посебен дечко, како што таа вели „човекот на нејзиниот живот“, синот Александар, кој го има од врската со бизнисменот Милан Поповиќ (50)- открива добро информиран извор.
– Таа му објасни на Александар дека постојат пријатели и посебни пријатели, и дека Игор спаѓа во втората категорија и дека него особено го сака. Нивната средба беше малку напната, но подоцна сè беше одлично- ја завршува приказната изворот.