Откога почнало емитувањето на реалити емисијата „Парови“ во Србија, членовите на ТВ „Hepi“ се фалат дека е најгледана програма во историјата на телевизијата.
Но, по 24-часовниот прекин, гледаноста на реалното шоу почна да опаѓа.
Учесниците на ова шоу гледачите ги привлекуваа со блуд, разврат, голотија и кавги.
Но, тоа предизвика укор и прекинување на емитување на таа програма во период од 24 часа, по одлуката на регулаторно тело за електронски медиуми.
Пред изрекувањето на казната, кога учесниците се труделе да бидат послободни, 20 проценти од луѓето додека траело прикажувањето на „Парови“ седеле пред телевизорите.
По враќањето во етер, „Парови“ по барање на надлежните морале да станат „подобри“. Гледаноста паднала на 14 проценти.