Емисијата која со контроверзното однесување на учесниците го забавуваше и загрозуваше регионот, сега е привремено и забранета.
Советот на Регулаторното тело за електорнски медиуми (РЕМ) привремено го забрани емитувањето на реалната програма „Парови“ на Heppy TV, поради, како што е соопштено, емитувањето на тие содржини можат многу да наштетат на физичкиот, менталниот или моралниот развој на малолетниците.
Реалното шоу „Парови“ предизвика вистински скандал поради премногу голотија на националната телевизија во Србија.
Откога се побуниле многу експерти,па и локалниот министер за култура, сега пристигна и официјлно известување од Советот за електронски медиуми, пишува српскиот Kurir.
Забраната е донесена по итна постапка по серија предупредувања и ќе трае 24 часа. Стапи во сила од 3-ти април во 20 часот, а се однесува и во прикажувањето на Интернет.