Никола Роквиќ споделил на својот Фејсбук профил хумористична тајна што се крие зад една слика која стана хит на социјалните мрежи.
Семејната фотографија на Роквиќ пред извесно време направи вистинска возбуда на социјалните мрежи, а Никола открил како поминал поради оваа слика.
Никола објасни дека, кога фотографијата пристигнала од фото-студиото тој „добил ќотек со ремен“, само затоа што со својата гримаса успеал да го уништи семејниот портрет.
Роквиќ и ден денес се шегува на сметка на оваа фотографија, која веќе долго време е хит на социјалните мрежи, а сега направиле и нејзин „римејк“.
Никола напишал на фотографијата со новиот датум дека ја објавил како доказ дека „ден денес така позира“.