Бергузар Корел, која се прослави како Шехерезад во серијата „1001 ноќ“, а во моментот е актуелна во улогата на Фериде во серијата „Карадај“ влегува во нов бизнис.
Таа одлучила заедно со нејзината сестра да отвори слаткарница и да пече колачиња.
„Снимам без пауза веќе три години и ми треба одмор, но не во смисла да лежам дома и да безделничарам бидејќи тоа брзо би ми здодеало“, вели 32-годишната актерка.
Дали ова значи дека таа засекогаш се повлекува од ТВ сцената? Останува да видиме.