Поради ова Лепа Брена се расплака на „Гранд ѕвезди“ (ВИДЕО)

Пејачката Лепа Брена е една од судиите на натпреварот „Гранд ѕвезди“.

Во последната емисија која се емитуваше минатата ноќ, пејачката беше трогната од една натпреварувачка.

Кандидатката Елведина Шериќ ја отпеа песната на Ханке Палдум „Мојата мајка“, што кај Лепа Брена предизвика многу емотивна реакција.

Таа не криеше пред камерите дека песната ја торгнала, па пушти и неколку солзи.

Инаку, не е чудно што пејачката е се уште емотивна на вакви текстови со оглед на тоа што била многу поврзана со својата мајка, која почина во ноември минатата година.

- Реклама -