Јелена Ѓоковиќ ги учи своите пријатели од Англија кирилична азбука.
Младата мајка Јелена Ѓоковиќ ја продолжува рабтата на својот сопруг Новак во ширењето на позитивната слика за Србија во светот. Јелена одлучила своите британски пријатели да ги научи да пишуваат и читаа на кирилица. На својот Твитер профил Јелена се пофалила колку ужива да им помага на другите да го научат овој јазик.
„Многу е забавно што ги учам моите пријатели од Британија на кирилична азбука за да можат да пишуваат и читаат на српски јазик“, напишала Јелена.
Ѓоковиќ добила голема поддршка од пријателите и обожавателите на Твитер.
„Сигурно ќе научат бидејќи имаат толку добра наставничка“, напишала една обожавателка.