Овој четврток (19 февруари) ќе биде ден на хуморот во Македонија, со оглед на тоа што ќе се одржи Златната бубамара на популарноста.
18-издание ќе биде под мотото „Смеете да се смеете“, а препораките за ова издание се: „насмевка и здрава храна, следете не и не мрсете многу“.
Како и секогаш сценариото се чува во тајност, а засега е познато само дека наградата за животно дело ќе ја добијат Верица Ристевска, Зорица Поп Панкова и Даниела Панчетовиќ.
Како и секогаш интересот е огромен.
Веруваме дека после сите политички настани, во последниве неколку месеци (особено недели) ќе проследиме забавно шоу и ќе се смееме до солзи.