Тарабунов е „сингл“ и умее да готви

Пејачот Александар Тарабунов во разговор за весникот „Вечер“, раскажува дека во моментов е слободен и е посветен на кариерата.Тојмеѓу настапите најчесто е во друштво на пријателите, или пак трча и спортува на отворено.

Женското срце најчесто се освојува со шарм, харизма и мажественост, но не е исклучена ниту можноста до него да се стигне преку стомакот. Дека тоа е навистина така тврди и пејачот Александар Тарабунов, кој вели дека многу девојки паднале токму на неговите вештини во кујната.

tara

„Уживам кога готвам и навистина ме исполнува времето поминато во кујна. Кој рече дека само мажите паѓаат на жени кои знаат да готват? И жените сакаат кога нивните посилни половини ќе им направат нешто вкусно и ќе ги изненадат“, вели Тара.

Подготвувам нова песна, имам настапи и сега за сега сум задоволен од текот на мојата кариера. Постојано сум активен, трчам, спортувам и тоа ме релаксира максимално, додаде Александар.

- Реклама -