Новак и Јелена сакаат нивниот син Стефан да израсне онака како што живееле и тие кога биле мали.
Иако би можеле, тие не се расфрлаат со пари на прескапа детска опрема.
Новак (27) и Јелена (28) цврсто се држат до она што го рекле кога се роди нивниот наследник Стефан, дека ќе го израснат скромно и дека нема да го трошат богатството на скапа гардероба, колички, соба…
Тоа можеше да се види и кога Новак го донел својот син во носилка, која исто така се претвора и во количка, а може да се користи и како седиште за дете во кола, а тоа чини само 400 евра. Тоа за Новак и не е некоја голема сума во споредба со износот на неговата милионска заработувачка.
Колку му е важно на Новак да живее нормален живот, а не онаков како во светот на ѕвездите, се покажа веднаш по пристигнувањето во Белград.