Вечера со Ѓоковиќ: Семејството се собра околу малиот Стефан

Новак Ѓоковиќ минатата ноќ во својот ресторан организирал вечера за семејството.

Во центарот на вниманието бил неговиот наследник, кој гордиот татко го донел во количка на раце.

Младите родители Јелена и Новак го извеле синот Стефан на вечера и не ја симнуваат насмевката од лицата откога станале родители. Тие го посетиле ресторанот во Белград кој се наоѓа во ремките на Тениската академина „Новак Ѓоковиќ“.

Тој ги донел и своите домашни миленици, а фотографијата која ја објавил од нив на социјалните мрежи напишал:

– Незнам кој од нас тројца се израдува повеќе на снегот- напишал познатиот тенисер.

Колку за потсетување, Ноле моментално одмара од спортските обврски. Следниот предизвик го очекува веќе на 23 февруари на турнирот во Дубаи, а до тогаш семејството ќе престојува во Србија.

- Реклама -