Мажот на Тања Савиќ: Не ја тепам, jaс сум секс машина

 

Поради гласините дека е жртва на семејно насилство, но и дека го изневерува сопругот Душан Јованчевиќ, Тања Савиќ ги спакува куферите и замина во Австралија.

Пејачката заедно со синовите и сопругот ќе помине два месеци кај свекрвата во Голден Кост. Додека Тања се подготвувала за патот, нејзиниот сопруг Душан за медиумите раскажал колку се потресни пишувањата на медиумите, во врска со тоа дека бил немилосрден кон Тања.

„Идеме да се повлечеме од проблемите што ни ги приредија некои злобни луѓе, пред се пејачот Бане Ѓокиќ. Тој е виновен за сите лаги. Тања не ме изневерува мене, ниту пак, јас ја тепам. Таа нема потреба да биде со друг, бидејќи сум машина во кревет. И давам се што и треба. Презадоволна е со мене во таа смисла“, раскажува Душан.

Во врска со тепањето, тој додава:

„Не би ме трпела ако ја тепам. Секој ден се сакаме се повеќе“.

- Реклама -