На Даниел Кајмакоски годинава му започна работно. Тој беше дел од тимот што замина на Светското првенство во ракомет во Катар, интензивно се подготвува за настапот со „Лисја есенски“ на Евровизија, но успеа и да ги израдува сите фанови објавувајќи дел од својата најнова песна.
Песната е на српски јазик, а ова видео се појави како најава, на Инстаграм профилот на пејачот.
Дали мислите дека звучи како голем хит?