Поранешната пејачка Зана Нимани после 30 години се враќа во Србија каде ќе пее на прослава на јубилејот на бендот, кој го носи нејзиното име.
Групата Зана ќе одржи концерт на Калемегдан кон средината на летото, со што на вистински начин ќе одбележи 35 години од работата. Планирано е на сцената да се појават сите членови на овој бенд.
Потсетуваме дека пејачката ја напушти Србија на почетокот на деведесеттите кога во Југославија избива војна. Таа ги минала сиве овие години во Канада, во градот Ванкувер, каде со својот сопруг отворила фирма за издавање на станови.
Да се потсетиме на Зана.