Прилеп и Битола во љубов: Димитар ужива со својата девојка

Македонскиот пејач Димитар Андоновски дефинитивно ужива со својата нова љубов и споделува фотки на социјалните мрежи.

Неговата девојка се вика Христина и живее во Прилеп, а според фотографиите може да се види дека Диме е среќен во нејзино друштво.

dime-1_thumb_medium500_386

„Можам да ви кажам дека многу убаво се чувствувам. Христина е девојка што секое момче би ја посакало покрај себе. Премногу е скромна. Ги живее и ги почитува вистинските човечки вредности. Таа е прилепчанка и е девојче со домашно воспитување. Секако, она што најмногу ме привлече кога ја запознав е нејзината природна убавина. Преубаво се чувствувам во нејзина близина и мислам дека по подолго време се почувствував вистински сакан од некого.”, вели Димитар за Вест.

- Реклама -