„Врската“ на Нејмар, главна вест во шпанските медиуми

На насловната страна на еден шпански магазин, под наслов „Девојката на Нејмар“ се најде топлес балканската старлета, Сораја.

Не е новост Сораја да ја гледаме во дневни полуголи комбинации, но сега шпанскиот магазин „Интервју“ отиде чекор понатаму, и ја објави на насловната страна  – топлес.

„Девојката на Нејмар“ е насловот на текстот, кој што открива дека двајцата се заљубиле на Ибица, кога фудбалерот на Барса бил во криза со девојката.

Ни Сораја, ни фудбалерот не се огласија формално по повод озборувањата.

Нејмар сепак на интернет слатко се изнасмеа на оваа вест, и пиша дека „некој му мести девојка“.

s-uspravna

- Реклама -