Рајко Дјумиќ ја кажа својата страна од приказната околу тоа што не се појави на последната турнеја на „Нови фосили“, по последните информации низ медиумите дека се наоѓа на психијатрија.
„Моето место остана празно, а срцето жално“, вели музичарот кој долгогодишните пријатели од бендот одлучија да го исфрлат од турнејата со ладнокрвно соопштение во кои стои дека поради присилна хоспитализација во загрепската болница „Врапче“ не е во состојба да свири и пее на концертот.
Меѓутоа Дјумиќ во саботата не беше во болницата, туку во својот дом, а со мислите на концертот на „Нови фосили“. Тој не доби шанса да биде дел од прошталната турнеја и да се збогува со фановите.
Јас на публиката не планирам да и кажам збогум. Пишувам нови песни, подготвувам нови албуми. А дали моите нови песни ќе ги пеат моите пријатели од бендот? Мислам дека тие имаат доволно мои стари песни кои ги пеат без мене, изјави сопственикот на името „Нови фосили“ кој теоретски би можел да му забрани на бендот да настапува под ова име, изјави Рајко.