„Море од тага“ е најочекуваниот дует за оваа година во регионот, со едни од најголемите регионални музичари, Северина и Саша Матиќ кој ќе биде објавен во петок на 24 октомври 2014 година.
Емотивната балада за која нивните соработници веруваат дека ќе стане љубовен „евергрин“, публиката со нетрпение ја чека неколку месеци.
„Презадоволен сум од соработката со Северина“, рекол Саша Матиќ. „Голем оптимист сум, бидејќи верувам во квалитетот на песната, но и во тоа што ние двајца сме победничка комбинација“.
Што мислите за оваа нивна комбинација?