Најдобриот српски тенисер Новаќ Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена минатата ноќ станаа родители на машко бебе, пренесува српскиот портал „Блиц“.
Јелена се породила во Монте Карло, а мајката и бебето се чувствуваат добро.
Новак и неговата сопруга на својот син му го дадоа името Стефан, кое име очигледно има големо значење за нив, бидејќи тие се венчаа на Свети Стефан.
– Нашиот анѓел Стефан се роди, многу сум горд на мојата преубава сопруга Јелена. Ви благодарам на сите на поддршката- напишал гордиот татко на Твитер.
Семејството Ѓоковиќ уште минатата ноќ почна со славење. Гала прослава се очекува во наредните денови.
Ѓоковиќ прима честитики од сите страни: од пријателите и обожавателите на социјалните мрежи, до светските медиуми кои ја објавија оваа вест.
Па, и ние честитаме на ова трочлено семејство на среќната вест!