Додека се натпреварува во Кина, таа се посветила на работата, но крајот од месецот ќе го поминат заедно.
На брачната двојка Ѓоковиќ им е сеедно дали ќе добијат син или ќерка.
– Јелена и Новак се многу возбудени за породувањето, кое би требало да се случи при крај на овој месец. Иако многумина не им веруваат, тие навистина не знаат кој пол е бебето- вели близок извор за српскиот „Блиц“.
Како што пренесуваат српските медиуми, првиот рекет на светот сите обврски при крај на месецот ќе ги одложи за последните денови да биде покрај Јелена и породувањето на нивното прво дете.
– Новак дефинитивно ќе биде покрај Јелена во деновите кога се очекува породувањето- додал изворот.