Овогодинешниот „Браќа Манаки“ во Битола е во знакот на филмот, но и на главната ѕвезда Жулиет Бинаш, која на пошироката јавноста и стана позната по улогата на „Чоколадо“ со Џони Деп.
Токму затоа последователно се отвори и темата за чоколади.
Жулиет изјави како многу и се допаднал самиот наслов на филмот, бидејќи самата таа е голем љубиотел на чоколадите.
Но, истото не важи и за нејзиниот колега Џони Деп.
„ Тој не сака чоколади. Тој ги јадеше за време на филмот, а потоа ги плукаше“, искоментира на шега актерката.