Една од најубавите водителки на Балканот, Николина Пишек од Хрватска за медиумите потврди дека се наоѓа во четвртиот месец од својата бременост.
Таа и нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ биле воодушевени од веста дека ќе добијат дете.
Верувале или не Пишек има 38 години и веќе има 17 годишна ќерка, а и нејзиниот сопруг има дете од претходниот брак.
Николина и Видое имаа легендарна венчавка во Монте Карло пред три години, а Хрватката набрзо после тоа се пресели во Белград.