Новак Ѓоковиќ го кажа судбоносното „да“!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ во 18.30 часот го изговорија судбоноснотоо „да“ на Свети Стефан во Црна Гора.
Ни дождот, ни силните громови не ја спречија свадбената церемонија, а целата процедура се случила многу брзо.
Свадбата се одржа во специјално направена купола, а откако сите аплаудираа на нивниот брак, Јелена го фрлила својот свадбен букет, пишуваат српските медиуми.
По церемонијата, гостите и младенците се упатиле на свадбената прослава, а венчавката во црква е закажана за 12 јули.
Ова се дел од гостите кои присуствуаа на вчерашната церемонија.