Нивес Целзиус и Лариса Рикелме снимаат дует? (ВИДЕО)
Најновиот спот за песната „Take me to Brasil“ покажа како таа сака да биде дел од музичката естрада, а за нејзината кариера се заинтересирани и странски новинари кои моментално во Загреб снимаат документарен филм за неа.
Но, најновата информација е дека уште еднаш ќе ги воодушеви мажите. Најпознатата навивачка од Парагвај, Лариса Рикелме, изјавила доколку добие понуда, размислува за дует со Нивес Целзиус.
Лариса, која Нивес ја спомнува во песната „Take me to Brasil“ вели дека сака да биде како неа.
Да потсетиме, Лариса стана позната во 2010 година кога на Светското првенство во Јужна Африка го стави мобилниот меѓу градите.