Бора Џорба на Малдиви се вери со Словенката

61-годишниот рокер на романтично патуање ја запроси 22 години помладата избраничка.
Бора Ѓорѓевиќ, кој од втората сопруга се разведе пред два и пол месеци, подготвен е за трет брак со одредена Словенка.

Рокерот за српските медиуми открива дека за време на двонеделниот одмор на Малдивие за запросил својата нова девојка, но се уште го крие нејзиниот идентитет и деталите за предлогот.

Бора изјавил дека си рекол дека се уште не е за фрлање, и со вереницата одлично се забавувале и уживале на Малдивите.

Се забележува и нова тетоважа од млада жена на неговата рака. Останува да се прашуваме дали е тоа слика од неговата вереница.

- Реклама -