Реакции неколку дена после Макфест: Требаше да победи Тамара?

Иако Макфест заврши викендов,  реакциите околу најголемиот музички поп фестивал во земјава, многу полека спласнуваат.

Социјалните мрежи „се поплавија“ од коментари, по фестивалот дека ги фацинирал настапот на Тамара Тодевска, а и „Трачарка“ доби неколку писма, дека ова е песната која што била морален победник.

„ Стварно не ми е јасно како не победи Тамара уште не ми е јасно, пишете нешто за тоа“, Лиде.

„ Драга Трачарка, гледам дека имате анкети, ставете која песна е подобра на Тамара или на Биба Додева, мислам дека Тамара ќе победи “, Маја.

Ова е дел од реакциите кои што беа упатени до редакцијата на „Трачарка“.

Ставот на „Трачарка“ на оваа тема е дека песната на Тамара и победничката песна на Биба Додева се дотолку различни, а истовремено прекрасни што веруваме дека постојат многу поделени мислиња и навистина е  прашање на вкусови. Биба Додева е фантастичен пејач, кој што долго време постои на естрадата, па сигурно со тоа има и голем број на фанови кои безрезервно ја поддржуваат и гласаат. Но, конкретно за Тамара, ова е дефинитивно една од најубавите нејзини песни досега, но и фантастичен изглед… Стил, песна, глас – погодок!

Уживајте:

Во продолжение да се потсетиме и на песната од ланскиот Скопски фестивал, кога за „влакно“ и избега победата.

- Реклама -