Ѕвездите на првата сезона на натпреварувачите од X Factor викендов го одржаа долгоочекуваниот концерт во Скопје.Даниел, Бендот „Доктори“, Тамара МИлановиќ, Маид, Лукијан и останатите ги фасцинираа сите со свои фанови во спортската сала „Борис Трајковски“, каде што атмосферата беше повеќе од феноменална.
Очекувано, најголемо внимание привлече Даниел, кој со неговиот настап ја дигна целата бублика на нозе, а голем дел од тинејџерките не престанаа да плачат за време на неговиот настап.
Во текот на концертот едно девојче ја повреди ногата, па напомош дојде целата екипа, меѓу кои и нејзиниот идол Даниел за да ја утеши.
Бидејќи нашиот фотограф не беше во можност да присуствува, ќе позајмиме неколку фотографии од Телеграф и фотографот Влатко Перковски, кој што најдобро усепал да долови се што се случуваше таму.
За оние кои што пропуштивте, погледнете дел од атмосферата во „Борис Трајковски“.