Кога супер финалето на X factor би изгледало вака…

Заврши нашето омилено шоу x factor, победи најдобриот, сите сме среќни и навистина ќе ни недостасуваат распеаните вторници кога седнувавме сите пред малите екрани и со огромен интерес го следевме шоуто, заборавајќи на секојдневието и сите проблеми.

Да, ќе ни недостасува X factor, oсобено сега со почетокот на изборната кампања, кога би ни дошло добро малку одмор за ушите, барем на сите оние кои ја сакаме забавата.

Како и да е решивме да ве вратиме малку пред шест месеци, и она што се случуваше низ едно мало фиктивно финале.

Факт е во финалето се најдоа луѓе што многумина не очекуваа дека ќе дотуркаат дури до таму, додека од игра излегоа и многу добри кандидати.

Сепак,  од почетокот Даниел Кајмакоски беше наш фаворит, уште откако не освои на првата аудиција, па уште повеќе го засакавме поради огромниот прогрес кој го имаше континуирано во текот на целото шоу.

Меѓутоа, не може да се каже истото и за сите.

Затоа направивме една ТОП 5 листа од нашите омилени кандидати кои се појавија на ова шоу во изминатите месеци.

Во коментар можете да направите и ваша ТОП 5. Веруваме дека Даниел ќе победеше во сите комбинации 🙂

Даниел Кајмакоски

Маид Хeчимовиќ

Илма Карахмет

Доктори

Mладен Лукиќ

- Реклама -