Аки Рахимовски од Парни Ваљак, во вторникот настапи како специјален гостин на X factor.
Toj по настапот призна дека има свој фаворит:
– Мој фаворит е мојот Македонец, Даниел Кајмакоски. Одличен вокал, има емоција додека пее и одличен однос со публиката! Иако има и други одлични пејачи во Х Фактор! – рече Рахимовски кој утре со бендот Парни ваљак ќе одржи концерт во Белград.
Даниел пак е воодушевен од поддршката која ја добива од познатите личности: Секогаш не може да се опише чувството кога ќе ве поддржи некој кој е веќе изградено име во музичката индустрија. Му благодарам на Аки од срце – рече скромното момче од Македонија.