Девојки, вака сигурно нема да го освоите Даниел. Всушност, вака нема да освоите никого.
– А, како се вика салата на македонски? Салата? Стваааарно- Уна Сениќ го прашува Даниел Кајмакоски, гласно додека ја џвакала храната со отворена уста, а тој трепкал со очите.
Пријатна атмосфера. Таа носи црвен кармин и ентузијазам, а тој кошула и непријатност.
Таа едвај го нашла неговиот број и едвај отишле на вечера, а тој сега само сака да избега.
На кратко, вака изгледа видеото на Уна Сениќ во која главна улога ја игра нашиот натпреварувач на “X faktor”, Даниел Кајмакоски.
Значи, дами, ако сте сами и сакате да го промените тоа, никако немојте да џвакате со отворена уста, не се смејте на цел глас, не крадете му од виното и од храната во чинијата, никако немојте да се тркалате по сепарето, а ни во лудило не го користете изразот “премиум клабинг“.