Судиите со мали критики, фановите со огромни пофалби.
Иако доби забелешки од суддите на X factor дека не заблескал во негов стил, Даниел Кајмакоски имаше уште еден одличен настап на X-Factor, со изведба на песната Unchained Melody од Рајчес Брадрс, кај нас позната како песната од филмот „Дух“.
Oд почетокот на натпреварувањето, до денес популарноста на Даниел никако не се намалува, бидејќи голем дел од гледачите се уште веруваат дека е потенцијален победник. Тој за вчерашната песна изјави дека е најтешката која ја изведувал до сега.
Кристина: технички перфектна изведба, она што ми фалеше малку е таа некоја твоја специјална магија… Можеби повеќе фалсет, но навистина е феноменално!
Кики: Кристина не јадела доволно… Песната е стара, но твојот глас е полетен, ја испеа на свој начин. За тебе нема дилема дека ќе станеш огромна ѕвезда.
Емина: Беше одличен технички, само ми недостасуваше емоција, не ме донесе до врвот. Што ми се смеете, не може човек да се изрази…
Жељко: Ти знаеш дека веќе си голема ѕвезда,оваа песна ми е здодевна, но ти беше одличен. Е сега, дали некој ќе се наежи нема да дебатираме, беше супер.
Како ви се допаѓа?