„Одам на Евровизија да победам“

– Никогаш не сум била скромна. Не се задоволувам со влез во финале, ниту во полуфинале. Во Данска одам да победам- вели Тијана Дапчевиќ, која на овогодинешната Евровизија ќе ја претставува нашата земја.
– Возбудена сум, имам голема одговорност и голема чест ми е да ја претставувам Македонија- вели Тијана, која овој викенд беше во Македонија за да ја сними разгледницата со која ќе биде презентирана во Копенхаген. Промо- спотот го изработила данската национална телевизија.

Пејачката вели дека со неа во Данска ќе оди цела делегација, но не и синот Вук. Тој ќе, како што вели Тијана, остане во Белград и ќе навива за мајка си пред ТВ-то. Сепак, сопругот планира да го земе со себе.

Прочитајте и:  Младата поетеса Пауновска, во Данска направи промоција на книгата поезија „Нецелосна“

– Без Милан не одам. Тој е дел од тимот и моја најголема поддршка- додава Тијана.

- Реклама -