X factor: Харис Чато си оди дома, публиката го спаси Лукијан

 

Емина Јаховиќ се збогува од својот штитеник Харис Чато, кој не помина понатаму во понатамошниот тек од натпреварот на X factor бидејќи во дуелот според гласовите на публиката подобар беше Лукијан Ивановиќ.

Бидејќи гласовите на жирито беа поделени, одлуката падна во рацете на публиката.

Заминувањето на Харис ја погоди неговата менторка Емина Јаховиќ.

„ Јас плачев од душа вчера, верувајте ми, најмногу до сега“, изјави тажната Емина и додаде дека секоја одлука мора да се почитува и дека таа ќе се бори за сите свои натпреварувачи.

„ Навистина многу плачев. Јас сум најголемиот виновник што испаднав“, додаде четиринаесет годишниот Харис и им се заблагодари на сите што гласаа за него.

Во седмата емисија, која ќе се случува следниот вторник ќе ги гледаме: Тамара Милановиќ, Алекса Петровиќ, Даниел Кајмакоски, Доктори, Александра Брковиќ, Маид Хечимовиќ, Илма Кархмет и Лукијан Ивановиќ.

- Реклама -