Јас, ете кога ќе станам се плашам сама себе, а сега ќе ве исплашам и вас, вели Ана.Тврдењето на дел од медиумите дека Ана ги оперирала носот и забите, како и дека изгледа многу поубаво од порано, ја испровоцираа Ана Михајловски, која на својот профил на Инстаграм објави фотографија без шминка за да докаже дека „ и понатаму е грда“, кога нема да се среди и да нанесе слоеви на пудра.
– Осум часот наутро, јас купувам млеко, кога во еден магазин на насловна „цела оперирана“…А сликата? Од пред 7 години без шминка и сега со шминка. Па драги, знаете, тоа не се вика операција, тоа се вика пред се стареење, бидејќи тогаш имав 23! Тоа се вика у разубавување, полн третман на MBK продукцијата, моите стилисти кој и од крава би направиле риба, итд…
И побогу, забите се мои, аман не сака ниту еден да стави протеза, ми велат „заштитен знак“, иако не можам уста да затворам кога се излезени. Така да… Не какајте веќе, никој не е како на ТВ. Јас ете кога станувам се плашам самата себе, а сега ќе ве исплашам и вас… buahahaha, напиша таа, додека нејзината колешка Маријана Мичиќ искоментира:
– Треба под итно да ги оперираш и образите, гледаш дека не ти се еднакви.