Реалити ѕвездата и старлетата зимата не ѝ смета, ни мразот, ни студот, па така со уживање се бањала во отворениот базен во најпознатиот српски зимски центар.
Во минимален жолт костум за капење, облечена само со бањарка, Сораја секоја вечер по својот краток престој на Копаоник, излагала од хотелот да се „брцне“ во отворениот базен. Таа уживала, но и сите гости ја забележале.
Како што дознаваме, старлетата се одмарала со нејзина пријателка, но пред неколку дена се вратила во Белград поради обврски.
Нејзина омилена занимација на Копаоник била возење со моторни санки и пливањето во отворениот базен.
Иако во медиумите се појави информација дека Сораја за Новогодишната ноќ имала љубовна романса со русинот Владимир, старлетата сеуште не е достапна за коментар.