Имаше право судиката на X faktor, Кристина Ковач кога му кажа на Жељко дека не е тешко да се работи со најдобрите.
Навистина, групата во „куќите на судиите“ која ја имаше Жељко беше полна со фаворити. Мора да признаеме дека овој концепт малку не збуни, затоа што гледачите имаа чувство дека гледаат „финале“ во една група која е принудена да трпи селекција. Имено во таа група излегоа од игра драстично подобри учесници, од многумина кои се пласираа во полуфиналето од другите групи.
За оние кои не успеаа да гледаат, вчера се одржа вториот дел од настапите во „куќите на судиите“, односно настапија учениците на Жељко Јоксимовиќ и Кристина Ковач. Додека едниот имаше работа со солисти, Кристина успеа да подготви неколку интересни бендови и парови. И двајцата имаа по шесторица учесници, односно групи, од кои само по тројца во група се пласираа во финалето. Од Македонците понатаму одат Даниел Кајмакоски и Фифи која настапува во дуо со ќерката на Џогани. За жал вчера испадна Македонскиот идол Иван Раденов, кој настапуваше во групата на Кристина, заедно со неговиот брат.
Денеска решивме да ви ги претставиме сите натпреварувачи од групата на Жељко.
Се пласираа во полуфинале
Даниел Кајмакоски
Маја Новаковиќ
Mладен Лукиќ
Не се пласираа во полуфиналето
Славко Калезиќ
Маид Хецимовиќ
Бојана Рациќ