Веќе неколку месеци македонската манекенка, старлета и плејбој зајачица Александра Накова е среќно заљубена.
Среќникот е Никола Гајдаџиев, кој е неколку години помал од неа, пренесува Вечер.
„Пресреќна сум. Уживам во она што ми се случува и морам да кажам дека мислам оти конечно го најдов вистинскиот за мене. Сакам нашата љубов никогаш да не заврши. Ме освои со погледот, со харизмата, начинот на којшто знае да ме сака. Секогаш е со разбирање и поддршка во секоја моја одлука. Понекогаш е љубоморен, но тоа е дел од љубовта и, за среќа, се е во границите на нормалата, изјавила Накова за дневниот весник.