Каква реакција на една изведба!
Ѕвезда на петата епизода од српскиот X Factor беше Никола Станојевиќ од Неготна кој совршено ја изведе песната на Бруно Марс ‘When I was your man’. Откога ја отпеа песната, 18-годишниот Никола кај жирито предизвика восхит и пофални зборови.
„Браво професоре! Толку млад, а веќе професор! Одлично, одлично, одлично“, му рече Жељко Јоксимовиќ, а со него целосно се согласи Кристина Ковач- другиот член на жирито.
„Знаеш што Никола? Ја се заљубив во тебе! Се колнам! Ова беше толку убаво“, рече Ковач, а пејачот од групата Пилоти- Кики, му рече: „Николче, ако ништо друго, си најде една риба!“
Во прилог е видеото во кое можете да ја видите изведба со која ја импресионираше жирито: