Жељко Јоксимовиќ беше шокиран од изведбата на еден од кандидатите на српскиот X Фактор. А што е она што го шокираше? Песната или трансексуалноста на овој кандидат… Можеби и двете.oФифи ги воодушеви сите членови на жири комисијата, но не и Жељко.
„Имам многу песни, настапи на фестивали, спотови. Сметам дека нема потреба да се кријам. Мора да бидеш храбар и да се соочиш со oна што го сакаш“, рече Фифи.
И покрај добрите критики од страна на останатите членови на жири комисијата, Жељко беше шокиран.
„ Не знам што да ви кажам. Филипе Фифи, те молам, испеј уште нешто. Јас сум малку шокиран. Не сум премногу конзервативен. Убеди ме дека си, тоа што си“, рече Жељко.
Откако ја задоволи неговата потреба Жељко рече:
„ Јас сега би одел против себе, доколку кажам дека ми се допаѓа. А не ми се допаѓа. Но добро пееш“, заклучи Жељко.
Ова предизвика реакции од српските LGTB организации кои сметаат дека Јоксимовиќ покажал непочитување кон Фифи, па како јавна личност мора да внимава што вели во јавноста, во случајов мна телевизија.