Деталите за веридбата на Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ некако стигнаа и до медиумите, и покрај настојувањата на двојката да ги сочува во тајност.
Британскиот Daily Mail пренесува дека Јелена судбоносното „ДА“, сепак го изговорила во Франција, а не во Монте Карло.
Најдобриот тенисер на светот ја изненади долгогодишната девојка со лет со хелихоптер до Прованс во Франција, каде ја запросил во луксузниот хотел „Couvent des Minimes“, пренесува Daily Mail.
Утрото се вратиле во Монте Карло и посетиле златара. Подоцна Јелена е забележана со голем прстен на раката.