Хрватската пејачка признава дека е жена без авторитет кога е во прашање нејзината фризура.
Северина Вучковиќ и покрај разделбата и проблемите со нејзиниот поранешен сопруг Милан напорно работи на новиот сингл, а неодамна ја промени и фризурата. Таа открива дека нејзиниот фризер не ја прашува ништо и има целосна слобода да прави со нејзината коса што сака.
„Само дојде и ме ишиша. Немам никакви ингеренции, јас сум жена без авторитет. Ќе видиме како ќе функционира на бина, за сега чувствувам дека ми фали коса“, рекла Севе за емисијата „Ексклузив“ на RTL.
Како ви се допаѓа?