Милан: Не и го давам синот на Северина!

Александар треба да расте подеднакво со двајцата родители, вели српскиот бизнисмен кој и плаќа алиментација на хрватската пејачка од илјада евра.

Северина Вучковиќ поднесе тужба против таткото на нејзиното дете Милан Поповиќ и бара целосно старателство над нејзиниот син Александар.

severina-vuckovic-milan-popovic-sin-aleksandar-1362167395-275601

„Запознаен сум со тоа дека Северина ме тужела, а судејќи според изјавите на нејзината адвокатка Јадранка Слоковиќ, таа инсистира нашиот син да и се даде неа на одгледување и чување. Јас и понатаму останувам на своето длабоко уверување дека нашиот син Александар треба да расте покрај двајцата родители, а тоа единствено е можно ако ние како родители имаме еднакви родителски права“, рекол бизнисменот кој до сега плаќаше алиментација од илјада евра, меѓутоа, како што се шпекулира, проблемот настанал кога пејачката побарала поголема сума.

Северина го тужеше Милан пред судт во Загреб и бара детето да и се довери на одгледување и чување и сака покрај старателството да има контрола над сите контакти на кои таткото има право заради добро на детето.

- Реклама -